Пријави Нехуманост






Монструозните злочини обично така започнуваат - со насилство кон животните! Се побројните испитувања и истражувања укажуваат дека актите на насилство и суровост кон животни се почеток на уште пострашни и посурови злочини. FBI откри дека историјата на суровост кон животните е една од карактеристиките која редовно се јавува во компјутерските досиеја на сериските силувачи и убијци, додека стандардниот прирачник за дијагностицирање и лекување на психички и емотивни нарушувања ја наведува суровоста кон животните како дијагностички критериум за растројства во однесувањето. Тие ги бираат животните како жртва само од причина што за нив нема да одговараат како за човек. Се додека агресијата не ескалира, поривите за насилство растат и желбата за нанесување на повреда повеќе не може да се контролира и следната жртва е човекот.

Животните, како и луѓето подеднакво чувствуваат, се плашат, страдаат кога им се предизвикува болка. Не ретко се жртви на екстремни случаи на насилство и агресијаи при тоа најчесто не можат да се одбранат и заштитат самите. Безгласни се и беспомошни.

Со вашето пријавување на насилство кон животните, Вие застанувате на ескалација на зло кое не само што е закана за животните, туку и закана за општеството. Не ги одминувајте, не ги игронирајте, ПРИЈАВЕТЕ НАСИЛСТВО НА ЖИВОТНИТЕ!!

Хартиена Преставка Електронска Пријава