Општина Охрид






Предлог измени на одлука за комунален ред во општина Охрид


По неколку неделна анализи на Одлуката и Програмата за комунален ред Здружение за заштита на животни „Анималиа“ и здруженијата партнери во рамки на коалицијата „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ достави Предлог измени на ОДЛУКА за комунален ред во општина Охрид, до општина Охрид Предлог измени на одлука за комунален ред можете да ги погледнете тука.

Предлог Програма за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Охрид


Здружение за заштита на животни „Анималиа„ и здруженијата партнери во рамки на коалицијата „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ доставуваат Предлог Програма за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Охрид, до општина Охрид Предлог Програма за решавање на проблемот со бездомните животни можете да ги погледнете тука.

„Анималиа“ го одбележа светскиот ден на бездомните животни и реагира на бизнисот и борбите со кучиња во Охрид


Анималиа преку порталот OhridNews.mk апелира да престанат борбите со кучиња во охридско-струшкиот регион, притоа објаснувајќи ги лошите страни од оваа „борба за егзистенција“ која што е злоупотребувана од одредени поединци.

По повод Светскиот ден на бездомните животни, 4-ти април, вчера на градскиот плоштад Здружението за заштита на животните „Анималиа” од Охрид организира јавен настан од едукативен карактер, чија цел беше подигнување на свеста за бездомните животни и за тоа како граѓаните да постапуваат со нив.

„Анималиа“ повторно реагира за масовните труењата во општина Охрид


Здружението „Анималиа“ реагира на масовните труења кои во изминатиов период се случуваат на територија на општина Охрид. Загрижува фактот дека и покрај бројните апели на локалното Здружние за заштита на животните, и понатака несовесни поединци проблемот со уличните кучиња се обидуваат да го решат расфрлувајќи отров по охридските населби. Animalia реагира на масовните труења во Охрид

Пристигнат одговор на доставеното барање од општина Охрид


По доставеното барање на здружението Анималиа, општина Охрид го достави својот одговор и Одлуката одосно Програмата за комунален ред, и истата можете да ја погледнете тука. додека одговорот можете да го погледнете тука.

Доставено барање до општина Охрид за доставување на одлука за комунален ред


Во периодот од 01.01.2014 година до 02.02.2014 година здружението за заштита на животни Анималиа испрати барања за достава на Одлука за комунален ред до општина Охрид

Испратеното барање можете да го погледнете тука.

„Анималиа“ реагира за труењата во општина Охрид


Здружението „Анималиа“ реагира на зголемениот број на труења кои во изминатиов период се случуваат на територија на општина Охрид, реакциите ги пренесува OhridNews