Обука: ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ПРАВА НА ЖИВОТНИТЕ, ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ



Ви благодариме од срце што покажавте интерес и учествувавте на обуката на тема „ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ПРАВА НА ЖИВОТНИТЕ, ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ„ оддржана во рамки на проектот „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ!“, кој го спроведуваме во соработка со партнерските организации „Гласот за животните“, „Мали Херои“, „Анималиа„ и „Animal world”. Бевте вистинска инспирација, се надевавме дека сите уживавте како и ние!

Информираме дека на обуката присуствуваа 28 лица (дел независни активисти за права на животните, како и активисти од здруженијата АНИМАЛИА, МАЛИ ХЕРОИ, ГЛАСОТ ЗА ЖИВОТНИТЕ, ОБЕЗБЕДИ ЖИВОТ, ВТОРА ШАНСА, ANIMAL WORLD и АНИМА МУНДИ) и убедени сме дека интензивна соработка, силна борба за животните и бројни успеси во остварувањето на правата на животните допрва ни претстојат. Потсетуваме - обуката е овозможена во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го имплементира Фондација Институт отворено општество - Македонија. Им благодариме за тоа!

Наредната обука во рамки на проектот ќе се оддржи во месец април, а за датумот ќе бидете навремено информирани. До тогаш поздрав и ЗАЕДНО за животните!:)

...