Активности






ПРОТЕСТ: „Градот Хуман Пак Ќе Никне!!“


Љубители на животните, ИЗЖИВУВАЊЕТО врз бездомните животни не само што не запира, туку се реализира засилено и масовно се заловуваат веќе стерилизирани, вакцинирани и обележани животни, кои потоа се убиваат во стационар. Во Аеродром, Ново Лисиче, Капиштец, Лептокарија, Ѓорче Петров, Автокоманда се лови сѐ што се движи СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ДЕКА Е НАРЕДЕНО ОД ГРАД СКОПЈЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ, КАКО И ОД ЛОКАЛНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ.

ПОЛИЦИЈА ДА НÈ ШТИТИ НАС, А НЕ КРИМИНАЛЦИТЕ!


Полиција да нè штити нас, а не криминалците! ДА СЕ СПАСИ ЖИВИОТ КОЊ! БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ ДЕНЕС БЕА ЗАСЕГНАТИ, ХРАБРИ, БАРАА ПРАВДА - ВИЕ СТЕ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ! Повеќе од стотина активисти на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, љубители на животните и засегнати граѓани денеска 29-08-2015 година протестиравме во скопската општина Ѓорче Петров пред полициската станица. Бараме полицијата да го реши проблемот со убиецот на коњот и тој да одговара за тоа.

Поплави - Македонија 2015


Коалицијата „Заедно за животните-заедно за граѓаните“ активно се вклучува во помош за животните и граѓаните од поплавите кои ја зафатија Македонија

Мирен собир и прошетка во Скопје


По повод процедурата за носење нов Закон за заштита и благосостојба на животните и важноста истиот да биде унапреден во секој домен на заштитата на животните, без исклучок; т.е. животните независно од својот вид (дали куче, мачка, или прасе, крава, кокошка, зајак) да бидат уважени како свесни, интелигентни и чувствителни живи битија на кои по раѓање им припаѓа слобода и право да живеат согласно потребите на својот вид, на 14.09.2014 (недела) во 12:30 часот ве повикуваме на МИРЕН СОБИР И ПРОШЕТКА со милениците од Градски парк до Собранието на РМ. .....прочитај повеќе и

Мирен собир и прошетка со миленици


По повод процедурата за носење нов Закон за заштита и благосостојба на животните и важноста истиот да биде унапреден во секој домен на заштитата на животните, без исклучок; т.е. животните независно од својот вид (дали куче, мачка, или прасе, крава, кокошка, зајак) да бидат уважени како свесни, интелигентни и чувствителни живи битија на кои по раѓање им припаѓа слобода и право да живеат согласно потребите на својот вид, на 14.09.2014 (недела) во 12:30 часот се одржа МИРЕН СОБИР И ПРОШЕТКА со милениците од Градски парк до Собранието на РМ. Сопствениците ги донесоа со себе и своите миленици. .....прочитај повеќе

Анима Мунди со реакции за постапките на Општина Аеродром


Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ реагираше по најавите дека од 04.08.2014год. општинските комунални инспектори заедно во соработка со ПС Аеродром ке изрекуваат прекршочни глоби на сопствениците кои своите миленици ке ги шетаат без заштитна маска.
Анима Мунди и сопствениците на миленици од опш.Аеродром подржани од голем број на сопственици и миленици бурно реагираа на апелот кој го објави општината. Здружението испрати допис до опш. Аеродром [погледни] и до министерството за внатрешни работи и побара лично залагање на министерката Јанкуловска [погледни] по што доби одговор од надлежното миснистерство [погледни]. .....прочитај повеќе и прочитај што напишаа и медиумите

Реализирана првата обука за граѓански активизам за права на животните


Информираме дека на 22.03.2014 во просториите на центарот за неформално образование се одржа првата обука насловена како Обука за граѓански активизам за правата на животните, застапување и лобирање

Обука Обука


Ви благодариме од срце што покажавте интерес и учествувавте на обуката погледни фотографии

Формирана коалиција - „Заедно за животните - заедно за граѓаните“


Коалицијата „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ!“ ја иницира здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ (Скопје), поддржано од здруженијата „Гласот за животните“ (Велес), „Мали Херои“ (Битола), „Анималиа“ (Охрид), „Animal world“ (Струга) и „Втора Шанса“ (Кочани).

„ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ!“ е коалиција од здруженија за заштита на животни, неформални групи и граѓани активисти за правата на животните, .....прочитај повеќе

Доставени предлози за промена на одлуките и програмите до единиците локалната самоуправа


По неколку неделни анализи на Одлуките и Програмите за комунален ред здруженијата за заштита на животни од коалицијата „Заедно за животните - заедно за граѓаните, испратија предлог измени и дополнувања на истите до единиците на локалната самоуправа. Предлозите и дополнувањата можете да ги погледнете во делот Општини од левата страна, за секоја општина одделно.

Барања до единиците на локалната самоуправа за доставување на одлука за комунален ред и нивни одговори


Во периодот од 01.01.2014 година до 02.02.2014 година здруженијата за заштита на животни од коалицијата „Заедно за животните - заедно за граѓаните, испратија барања за достава на Одлуки за комунален ред до единиците на локалната самоуправа.

Барањата и одговорите на општините можете да ги пронајдете во делот Општини од левата страна, за секоја општина одделно.

Започнат проектот „Заедно за животните - заедно за граѓаните“


На 01.01.2014 година здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, во партнерство со здруженијата „Гласот за животните“, „Мали Херои“ и „Анималиа“. а со подршка на УСАИД и Фондација општество – Македонија го започнаа проектот „Заедно за животните-заедно за граѓаните“. повеќе...